Локација: Hatipoglu Beach е градски хотел лоциран во поширокиот центар на Аланија на плажата Клеопатра. Од аеродромот во Анталија е оддалечен околу 125 километри. Хотелот е одличен избор за секој кој сака поактивен одмор во близина на центарот за забавите што го нуди големото летувалиште како што е Аланија.
Сместување: Хотелот располага со 70 сместувачки единици, стандардните соби се со максимален капацитет од 2 +1 лица, и се опремени со бања, фен, мини бар, сеф, ТВ, балкон.
Содржини: Хотелот располага со лоби, рецепција, сеф на рецепција, менувачница, бар, надворешен базен со детски дел, лежалки и чадори за сонце кои се бесплатни околу базенот. Се доплаќаат: лекар, перална и сушење, Wi-Fi, телефон, факс, спа, масажа, амам, сауна, џакузи, спортови на вода и се останато надвор од концептот на услуга. Хотелската услуга е полупансион (појадок и вечера) на база на шведска маса – самопослужување. Располага со главен ресторан и a’la carte ресторан.
Плажа: Хотелот има свој дел на плажата која е оддалечена 50м, а лежалките и чадорите се наплаќаат.