Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Haydarpasha Palace
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот се наоѓа во регионот Турклер. Од центарот на Аланија е околу 22 км, а аеродромот во Анталија е на околу 100 км. Отворен е во 2016 година.
 
Сместување: Хотелот има 592 соби од различни типови. Стандардните соби со поглед на копно или делумен поглед на море или базен, се со големина од околу 26-32 м2 (максимум 3 возрасни + 1 дете до 3 години), имаат брачен кревет или два посебни кревети, дополнителен кревет е софа или преклопен кревет.Супериорните ROH соби се со големина од околу 34-38м2 (максимум 3 возрасни + 1 дете), имаат брачен кревет или два посебни кревети, дополнителен кревет е софа или кревет на склопување.Дуплекс семејните апартмани се со големина од околу 43-78м2 (максимум 4 возрасни + 1 дете), на две нивоа, се состојат од две спални соби (едната со брачен кревет, другата со два посебни кревети), 2 бањи.Семејна соба А, со големина од околу 39-47м2 (макс 3 возрасни + 1), се состои од две спални соби (едната со брачен кревет, другата со два посебни кревети), 1 бања.Семејна соба Б, со големина од околу 47-64м2 (макс 4 возрасни + 1), се состои од две спални соби, две бањи и два балкони. Сите соби имаат бања со туш/тоалет, сателитска ТВ, фен за коса, клима уред, телефон, мини бар (вода, минерална вода, пиво, сокови - дневно полнење), сеф (бесплатно), чајник за чај и кафе, балкон или тераса , WiFi.
 
Содржини: Хотелот располага со рецепција, главен ресторан, 4 a la carte ресторани (се доплаќа), 7 барови (бесплатно), пинг-понг, одбојка на плажа, Спа центар (сауна, амам, парна бања и теретана - сето тоа бесплатно), шах , билети, дневна и вечерна забава за деца и возрасни, базени за возрасни и деца, Аква парк за возрасни со 9 тобогани, Аква парк за деца со 4 тобогани, пикадо, мини клуб за деца 4-12 години, игралиште за деца, пикадо, Аквабик, одбојка на плажа. WiFi е достапна бесплатно низ целиот хотел. Со доплата може да користите чување бебиња, услуга за перење и пеглање, фризер, масажи, третмани во Спа центар, доктор, видео игри, билијард, продавници, куглање, моторни спортови на вода, rent a car, детска количка, врвен алкохолен пијалок.
 
Плажа: Хотелската плажа е песочна камчеста и има сино знаме. Чадорите, лежалките и крпите се бесплатни (крпи со депозит). До плажата може да се стигне преку подземен премин. Бесплатен бар на плажа.