Локација: Хотелот се наоѓа во туристичкиот регион Сканес, 12 км од центарот на Монастир, 10 км од центарот на Сус и околу 7 км од аеродромот во Монастир.
Сместување: Хотелот располага со вкупно 520 соби распоредени во две згради со три ката (главна зграда и анекс зграда). Собите имаат клима, бања, телефон. Повеќето соби имаат балкон.
Хотелски содржини: Гостите имаат на располагање три базени, еден затворен, еден со лизгалки, два детски базени, два ресторани, два барови, диско, бесплатен Wi-Fi достапен на рецепција, анимација, аеробик, спортски терен за мал фудбал, одбојка, кошарка и ракомет, тенис, боче, лак и стрела, пинг-понг, пикадо. Сеф на рецепција со доплата. Хотелот нема лифт.
Плажа: Се наоѓа на сопствена песочна плажа каде во цената е вклучено користење на лежалки и чадори. Хотелот нема пешкири за плажа.