Локација: Хотелот се наоѓа на 1 км од пристаништето и центарот на Port El Kantanoui, на 10 км од Сус и на 140 км од аеродромот во Тунис.
Сместување: 379 соби, сите се климатизирани, со балкон, бесплатен безжичен интернет, фен, мини бар (со вода, на ден на пристигнување), ТВ со телевизиски канали, телефон и сеф (бесплатен).
Хотелски содржини: Рецепција, бар за ужини, главен отворен базен, детски базен, релакс базен, внатрешен базен, главен ресторан, 3 А`la Carte ресторани, 5 барови (покрај базенот, бар со панорамски поглед, бар со турско кафе, чај и наргиле).
Спорт и забава: Тениски терен, фитнес, одбојка, стрелање, пинг понг, пикадо, мини голф, Спа центар (сите видови масажи, сауна, турска бања), мини клуб и игралиште. Безжичен интернет во лоби, на јавните површини и во собите и СПА центар.
Плажа: Излегува директно на песочна плажа, со лежалки и чадори. Се нудат спортски активности.