Локација: Хотелот се наоѓа во Хургада, на јужниот крај на градот на познатото шеталиште Мемша, спроти хотелот Jaz Casa Del Mar Beach. Сакала (центар) е на околу 8км, додека Меѓународниот аеродром во Хургада е на околу 6км.
Соби: Sentido Casa Del Mar Resort располага со 204 супериорни и семејни соби со поглед на градина или базен, со бања, фен, ТВ, телефон, клима уред, сеф, балкон или тераса (освен стандардни соби). Стандардните соби се со големина од околу 24м2 и немаат балкон/тераса. Супериорните и супериорните делукс соби се со големина од околу 36м2. Семејните соби се со големина од околу 51м2.
Содржини: Во склоп на хотелот се наоѓа главниот ресторан со тераса која е отворена и со поглед кон базенот, La Terace ресторан, бар на лоби и покрај базен, дискотека, интернет центар, фризерски салон, детски клуб, два отворени базени од кои едниот со дел за деца, тобогани, фитнес, пинг понг, пикадо.
Плажа: Ресортот Sentido Casa Del Mar се наоѓа на 400 метри од песочната плажа која ја дели со хотелот Jaz Casa Del Mar Beach 5*. Хотелот си има свој дел од плажата каде лежалки и чадори за сонце се бесплатни за гостите.