Локација: Хотелот се наоѓа во Кемер, на сопствена плажа, 44 км од центарот на Анталија и 58 км од аеродромот во Анталија.
Сместување: Собите имаат централна климатизација, балкон, бања со када или туш, фен, телефон, мини бар (сокови само при пристигнување, вода се полнат секојдневно), сеф, Wi-Fi и LCD телевизор. Стандардната соба со тераса е со големина од 23 m², додека супериорните соби се со големина од 30 m². Семејната соба е помеѓу 55-60м² и се состои од две соби одделени со врата. Делукс апартманот е со големина од 50 m², се состои од спална и дневна соба, брачен кревет и софа и нема поглед на море. Се доплаќа: услуга во соба, телефон и други работи надвор од концептот, доктор на повик, продавници, фризер, сали за конференции и состаноци, факс, сервис за перење и пеглање.
Содржини: Хотелот е изграден во 1992 година, а последен пат е реновиран во 2022 година. Се простира на површина од 8.305 m², има 162 сместувачки единици, главниот ресторан „Дијамант“, два à la carte ресторани и 5 барови (Beach Bar, Pool Bar, Lobby Bar, Cofee house i Roof Bar). Надворешен и внатрешен базен, отворен и внатрешен детски базен, дневни и вечерни програми и анимации, теретана, Wi-Fi низ целиот комплекс. Спа и велнес, Турска бања и сауна, фитнес центар, маникир и педикир може да се користат со доплата.
Плажа: Хотелот располага со сопствена плажа со камчиња долга 235 метри, каде користењето на чадори и лежалки е бесплатно. Хотелот има свој понтон.