Локација: Хотелот се наоѓа во регионот Кадрије, од аеродромот во Анталија е на 27 км, опфаќа вкупна површина од 22.472 m².
Сместување: Хотелот располага со 315 соби со вкупно 706 сместувачки единици, распоредени во три блока. Сите сместувачките единици имаат бања со туш кабина или када, сателитска ТВ, клима, фен, телефон, мини бар, сет за кафе и чај, сеф, балкон.
Стандардна соба, 24 m², содржи 1 брачен кревет / 2 единечни кревети и може дополнително да содржи 1 помошен или единечен кревет, макс капацитет 3 лица.
Семејна соба, 35 m², се состои од 2 спални соби одделени со врата, содржи 1 брачен кревет и 2 единечни кревети, максимален капацитет 4 лица.
Семеен апартман, 47 m², се состои од 2 спални соби одделени со врата, содржи 1 брачен кревет и 2 единечни кревети, максимален капацитет 4 лица.
Содржина: Отворени и затворени базени за деца и возрасни, главен базен, базен за релаксација, базен за бебиња, детски базен, базен со лизгалки, главен ресторан „ Innova “ со диетално бифе и шоу катче , детско катче, шведска маса за ручек и вечера, 4 a la carte ресторани (првата посета на рибниот ресторан е бесплатна, втората посета како и турски, медитерански и азиски ресторани се достапни со дополнителни трошоци), Beach Snack & Beach Bar, Aqua Snack Restoran, 6 барови и слаткарница. Бесплатно користење на амам, сауна и парна бања во склоп на спа центар. Спортските и забавните активности вклучуваат фитнес центар, кошарка и тениско игралиште, одбојка на плажа, пинг-понг, дневна и вечерна забава, утринска гимнастика, јога, билијард, музика во живо во одредени денови, диско, Minivista Kids Club со игралиште за најмалите гости на отворено, мини кино, плејстејшн, аеробик за деца, мини диско, сликање лице, часови по танц, готвење и многу други активности.
Услуги кои дополнително се наплаќаат: Масажи и други третмани во рамките на Wellness & spa; спортови на вода, куглање, билијард, осветлување на тениски терени, сауна, доктор, телефон, факс, фризер, продавници, салон за убавина, масажи, изнајмување автомобили, училиште за нуркање и сите други концепти. Wi-Fi интернет е достапен бесплатно на јавни површини, DeLuxe пијалоци, услуга во соба, специјални пијалоци од увоз, сокови од свежо цедено овошје, флаширани пијалоци, a la carte ресторани (освен првата посета на рибен ресторан, кој е достапно еднаш за време на престојот), и се останато надвор од концептот.
Плажа: Приватна песочнo-камчеста плажа на 900 m од хотелот, опслужувана од хотелскиот шатл-автобус според однапред утврдениот возен ред. За гостите се обезбедени лежалки, чадори и крпи за плажа. Бар на плажа вклучен во концептот.