Локација: Хотелот се наоѓа во центарот на заливот Sahl Hasheesh на шеталиште покрај морето кое е долго 9 км. Од центарот на Хургада е оддалечен 25 км, а од аеродромот 22 км.
Сoби: Хотелот има 251 соба. Сите соби се климатизирани и модерно уредени и опремени со купатило, сеф, сателитска телевизија, минибар, интернет и балкон.
Хотелски содржини: Покрај главниот ресторан, хотелот има и 6 a la carte ресторани, 5 барови, услуги за перење и пеглање, менувачница, фризерски и козметички салон.
Спорт и забава: Хотелот има 2 надворешни базен, луксузно опремен СПА центар, простории за масажи и различни третмани, сауна, џакузи, парна бања, фитнес центар, различни спортови на вода.
Плажа: Сопствена хотелска песочна плажа долга 130 метри која се наоѓа спроти шеталиштето, со вклучени бесплатни лежалки, чадори и пешкири.