Локација: Хотелот е лоциран во областа Colakli, одалечен 8 км од Сиде и 55 км од аердромот во Анталија.
Сместување: Хотелот располага со 244 соби кои се распоредени на 7 спрата во главната зграда. Во секоја соба има купатило со када или туш кабина, фен, бањарка за користење, папучи, централна клима, директна телефонска линија поврзана со рецепција, сеф, мини бар, сет за правење на кафе и чај во соба. Wi Fi, SAT TV, балкон.
Содржини: Хотелот има 7 отворени базени и 2 затворени, за деца 4 отворени и 2 затворени базени, аква паркови, фитнес и СПА центар. Терени за одбојка, тенис, кошарка, стрелање, мини ЗОО парк.
Хотелот располага со повеќе ресторани во кои можат да се вкусат различни кујни (Италијанска, медитеријанска, мексичка, азиска).
Плажа: Хотелската плажа е песочна со бесплатно користење на чадори, пешкири и лежалки за гостите на хотелот. Приватните павиљони дополнително се наплаќаат и однапред се резервираат.