Локација: Хотелот се наоѓа во областа Сиде. Приближно е 65км од аеродромот во Анталија. 7kм од центарот на Сиде.
Сместување: Хотелот има вкупно 432 соби. Сите соби се опремени со тоалет со када или туш, фен, централен клима уред, телефон, мини бар (се надополнува со вода и сокови секојдневно), сателитска ТВ и музички канали, ламинат под, сеф, WI-FI интернет.
Содржини: Главен ресторан со шведска маса, а ла карт ресторани: турски, ресторан за скара, италијански, таверна, лоби бар, бар покрај базен, снек бар и ресторан, бар на плажа. Доктор, бебиситер, услуга за перење, фризер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, рент а кар се услуги кои дополнително се наплаќаат. WI-FI интернет конекцијата е бесплатна.
Спорт и забава: Хотелот има 2 надворешни и 1 внатрешен базени за возрасни и деца, тобоган, фитнес центар, тениски терени, кошарка, турска бања, сауна, мини голф, пинг понг. Забава во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, шоу програми навечер, гала вечера, вечери со мото шоу. Мини клуб за деца од 04-12 години и тинејџери (13-16 години) со дневни анимации. Со доплата: масажа, џакузи, центар за убавина, куглање, јавање на коњ, осветлување за тениски терени и опрема, спортови на вода, билијард и компјутерски игри.
Плажа: Хотелот има приватна песочна плажа опремена со чадори, лежалки и пешкири кои се бесплатни за гостите на хотелот.