Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Kemer Holiday Club (ex Ulusoy)
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот се наоѓа во регионот Гојнук, во борова шума. Од Кемер е на 7 км и од аеродромот во Анталија 45 км.

Сместување: Хотелот располага со вкупно 465 сместувачки единици. Стандардна соба има 295 соби со површина од околу 18-22м2 (макс. 2 возрасни + 1 дете до 13 години) 1 спална соба, 1 бања. Голема стандардна соба има 38 соби со површина од околу 22-24м2 (макс 2 возрасни + 2 деца до 13 години или 3 возрасни) 1 спална соба, 1 бања. Семејната соба има 92 соби со површина од околу 32-42м2 (максимум 2 возрасни + 3 деца до 13 години или 3 возрасни + 2 деца до 13 години) 2 спални соби одделени со врата, со една или две бањи, во втората соба кревет на спрат за деца, димензии 180х80см Сите сместувачки единици се сместени во прекрасна градина во трикатни блокови и имаат: Бања со када или туш, фен, клима која работи според временските услови, директна телефонска линија, сеф, мини бар, сателитска ТВ и музички канали, керамика плочки, балкон или тераса.

Содржини: Главен ресторан на отворено бифе, бар покрај базен, бар на плажа, диско клуб, лоби бар. Надворешни базени за возрасни и деца, аквапарк со 4 тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски игралишта, одбојка на плажа, пинг-понг, пикадо, боче топка, гимнастика, забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, дневни и вечерни шоу програми со стручен тим, мини клуб за деца од 4 до 12 години и јуниор клуб за возраст од 13 до 16 години со програми во текот на денот, детско игралиште, мини диско навечер. Wi-Fi интернетот е бесплатен во фоајето.
Со доплата можат да ги користат следниве услуги: Докторска услуга, грижа за деца, перална, телефон, факс, интернет, шопинг, компјутерски игри, кино, масажи, фризер, rent a car, спортови на вода, осветлување за тениски терени и опрема, Велнес центар, училиште за нуркање, билијард и други работи надвор од концептот.

Плажа: Хотелската плажа е со камчест. Лежалки, чадори и пешкири за плажа се бесплатни.