Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Krizantem Kaila Hotel
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Krizantem Kaila е Хотел со одличен сооднос цена / квалитет. Го препорачуваме како за фамилии со деца, така и за парови и гости кои сакаат да се непосредно близу до центарот на вибрантната Аланија, а сепак прва линија покрај бесплатна плажа.

 

Локација: Хотелот е лоциран во областа Obakoy, 3км оддалчен од центарот на Аланија и135км од аеродромот во Анталија. Отворен е во 1999 година и неколку пати реновиран во годините потоа. Зафаќа вкупна површина од 5.800 m².
Сместување: Располага со вкупно 215 соби распределени низ 3 објекти / згради. Од нив 185 се стандардни соби, 28 се фамилијарни и 2 се соби за лица со посебни потреби и инвалидитети.
Стандардните соби се со површина 18-25м² (макс 2 возрасни + 2 деца или 3возрасни + бебе), имаат француски лежај и единечен кревет со дополнителен лежај по потреба (софа или на расклопување), купатило со туш кабина, фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (вода при влез, друго се наплаќа), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, wifi, ќерамички плочки на подот и балкон.
Содржини: Главен ресторан со шведска маса, лоби бар, бар покрај базенот и бар на плажа (некои пијалоци се доплаќаат). Во склоп на хотелот има 3 надворешни базени од кои еден со тобогани, фитнес центар, СПА, пикадо, пинг понг, игралиште за деца, мини клуба (4-12год.), анимации и шоу програма во текот на денот и навечер. Wi-Fi интернет бесплатен.
Со доплата гостите може да користат: сеф во соба, масажа, турска бања и други услуги во спа центар, телефон, турско кафе, увозни пијалоци, енергетски пијалоци, свежи / цедени сокови, спортови на вода, доктор, продавници, фризер, rent a car, перална.
Плажа: Хотелска приватна плажа, со песок и ситни камчиња, на 30м од хотелот (има и тунел до плажата). Лежалките на плажа, чадорите за сонце и пешкирите се вклучени во цена, додека душеците за лежалките се со доплата. На плажата има хотелски бар во кои водата и соковите не се наплаќаат. .