Локација:
Lordos each е одлично лоциран хотел на прва линија од море во туристичка зона, директно на прекрасната песочна плажа со бесплатни лежалки. Најблиски барови и ресторани се на 200 m, додека градот Ларнака е на окулу 10 km. Во близина има супермаркет (50 m) и автобуска/такси станица. Аеродромот е оддалечен 40 km.
Соби и сместување:
175 модерни соби (делумно реновирани 2024) со клима, сателитска ТВ, бесплатен Wi-Fi и сеф. Повеќето имаат балкон/тераса со страничен или директен поглед на море. Пешкирите се менуваат 3 пати неделно.
Хотелски содржини:
24h рецепција, лоби бар, 3 лифтови, две ресторани, продавница, фризер и бесплатен паркинг. Пристап за лица со попреченост. Room service и перење – со доплата. Во пријатно уредениот надворешен дел има три базени, детски базен, бесплатни лежалки, пул бар.
Исхрана:
Појадок – шведска маса. Полупансион или цел пансион во селектирани ресторани. Детски менија достапни.
Спорт и забава:
Тенис и падел (со доплата), фитнес, велосипеди. На плажа – широк избор водени спортови. Бесплатни сауна и парна бања, а спа центар и масажи – со доплата. Дневна и вечерна анимација. Мини клуб (5–11 г.) и анимација за деца.
Забелешка за Одржливост:
Од февруари 2025, хотелот е носител на Gold Travelife Certification за одржливост, со силни стандарди за екологија, локална поддршка и почитување човекови права.