Локација:
Хотелот MA Biche Kemer се наоѓа во зеленилото на Гојнук, на 4 км од Кемер и 46 км од аеродромот во Анталија. Располага со приватна песочно-каменеста плажа со бесплатни лежалки, чадори и бар.
Сместување:
350 модерни соби во главна зграда – стандардни, со кревети на спрат и фамилијарни, сите со клима, Wi-Fi, мини-бар, сеф, апарат за кафе/чај, ТВ и балкон.
Услуги:
Главен и два à la carte ресторани (турски и рибен), 3 бара, надворешни и внатрешен базен, 3 тобогани, спа центар, теретана, тенис, анимација и дискотека.
За деца: базен, игралиште, мини клуб (4–12 г.), детско мени.
Дополнителни услуги:
Масажи, лекар, бебиситер, мотоспортови на вода, перење (со доплата).
Оброци:
Шведска маса – all inclusive.
Препорачан хотел за семејства со деца и гости кои бараат опуштен одмор во природа и близина на море.