Локација: Хотелот се наоѓа во Дахар, на околу 13 километри од аеродромот.
Сместување: Хотелот е отворен во 2011 година. Станува збор за шесткатна зграда и нуди 122 сместувачки единици, од кои сите имаат балкон/тераса, клима уред, сателитска LCD ТВ, сеф, фен, мини бар.
Содржина: Хотелот нуди базен за возрасни и базен за деца, пинг-понг, Wi-Fi интернет, анимации. Сервис за перење и пеглање, лекар, продавници. Услугата во хотелот е All Inclusive - појадок, доцна појадок, ручек, вечера (самопослужување - избор од повеќе јадења по хотелски правила). Концептот вклучува пица, колачи, грицки и локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Гостите имаат пристап до главниот ресторан и неколку барови - Beach Bar, Lobby Bar и Pizza Station.
Плажа: Хотелот има своја плажа, еден мал дел е со корален гребен, додека поголемиот дел е зона со плитка вода. Гостите можат да користат чадори и лежалки бесплатно.