Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Mahdia Beach & Aqua Park
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

LTI Mahdia Beach 4*

Локација: Многу популарен фамилијарен хотел со еден од најголемите аква паркови во цел Тунис. За квалитетот на услугата говори податокот дека во 2015 година ја доби наградата „Сертификат за извонредност“ од Tripadvisor. Се наоѓа во Махдија на околу 4,5 километри од центарот, кој е историски главен град на династијата Фатимид. Од аеродромот во Монастир е одалечен 44 км и од аеродромот во Тунис 218 км. Автобуската станица што води до центарот е на околу 50 метри од хотелот.

Содржини: рецепција, базени со вкупна површина од 4000 m2 - голем главен надворешен базен, еден детски и внатрешен базен, аква парк на површина од 900 m2, има десетина мали лизгалки за деца, пиратски брод, 6 големи тобогани и базен со бранови, диско 6 дена во неделата, надворешен и внатрешен театар, соба за игри, главен ресторан и два a la carte ресторани, четири барови (отворен 24 часа во лоби, снек бар, бар покрај базен и диско бар) , мултифункционално спортско игралиште и спа центар, детски клуб од 220 м2: игралиште, детски бањи, мали маси и столици, шкафчиња што се заклучуваат, ТВ и ДВД плеер, анимација за различни возрасти. Главниот ресторан обезбедува услови за најмалите деца (микробранова, млеко, грејач за шишиња, бебе монитор), детски столчиња,, чадори за сонце, лежалки, душеци и крпи за плажа и базен, Wi-Fi во лобито и соби. Интернет катче, чување деца, диско, спортови на вода, спа, масажи, амам, ајурведа, маникир, педикир, фризер, третмани за убавина, премиум алкохолни пијалоци се со доплата.

Спорт и забава: одбојка на плажа, мал фудбал, аеробик, гимнастика во базен, ватерполо.

Плажа: Хотелот има сопствена песочна плажа долга 340м.