Локација: Хотелот е сместен во центарот на шеталиштето во Naama Bay, опкружен со многу продавници, ресторани и барови. Оддалечен на 20 минути возење од аеродромот.
Сoби: Хотелот има 396 соби, кои се опремени со купатило, фен, мини бар, сателитска, клима, сеф и балкон.
Хотелски содржини: Хотелот располага со 7 ресторани и 5 lounge барови, казино, СПА и фитнес центар, менувачница и WiFi во лобито со доплата.
Спорт и забава: Хотелот има 5 базени, со одвоен дел за деца. Исто така се достапни и спортови на вода, гњурење и терени за тенис,пинг понг, билијард, пикадо, одбојка и деткси клуб со игралиште.
Плажа: Хотелот има сопствена плажа преку променадата, со песочен влез.