Локација: Aska Side Hotel 5* се наоѓа во регионот Titreyengol. Оддалечен 7 km од античкиот град Сиде и околу 71 km од аеродромот во Анталија.
Сместување: Хотел располага со вкупно 346 соби. Секоја собa располага со: бања со туш кабина или када, фен, централна клима која работи во зависност од временските услови, директна телефонска линија, сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци се полнат секој ден), интернет (со доплата) и балкон или тераса.
Хотелски содржини: Главен ресторан базиран на отворенa шведска маса, A'la Carte ресторани: Султан Софра (турска кујна), Рибен ресторан (медитеранска кујна), Италијански ресторан, Мексикански ресторан, барови во хотелскиот комплекс.
Внатрешни и отворени базени, лизгалки, фитнес, тениски терени, пинг-понг, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, сауна, парна и турска бања, забавна програма во текот на денот, натпревари, вечерни шоу програми, мини клуб за деца од 4 до 12 години старо, игралиште, мини кино, мини диско навечер.
Плажа: Приватната плажа на хотелот е песочна. Се наоѓа на 250 м од хотелот. Лежалки, чадори и пешкири за плажа се бесплатни.