Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Menaville Safaga
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:
Хотелот Menaville Resort се наоѓа на околу 55 km јужно од Хургада, во областа Сома Беј, во близина на Сафага. Сместен е на убава приватна песочна плажа долга околу 700 m, со постепен влез во морето, опкружен со зеленило и палми. Хотелот е идеален избор за љубителите на нуркање со маска (snorkeling) и длабинско нуркање, бидејќи во близина на плажата се наоѓаат бројни корални гребени, а влезот во морето директен но возможен и преку понтон. Од аеродромот во Хургада е оддалечен околу 49 km.

Соби:
Хотелот Menaville Resort располага со вкупно 386 соби. Во понудата се: стандардни соби со поглед кон градина или планини, superior соби со поглед кон море и базен, како и deluxe chalets со директен поглед кон плажа. Сите сместувачки единици се опремени со: сопствено купатило, фен за коса, мини-бар, сеф и SAT TV.

Хотелски содржини:
Покрај главниот буфе ресторан, хотелот располага и со италијански и рибарски à la carte ресторан. На располагање се вкупно 5 барови: лоби бар, бар на плажа, бар покрај базен, shisha бар и Cactus бар, каде гостите можат да играат билијард и да консумираат увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци. Хотелот нуди безжичен интернет во лобито, менувачница, голем број продавници, лекар на повик и сала за состаноци.

Спорт и забава:
Хотелот има отворен базен. За љубителите на подводниот свет на располагање се центар за длабинско нуркање и Aqua центар, како и бројни водени спортови на плажа. Хотелот се наоѓа на околу 25 km од аква-паркот Makadi Bay Water World. Гостите можат да користат фитнес центар и wellness & spa центар. За најмладите гости е обезбеден детски клуб.