Локација:
Градски хотел на 800 m од песочната плажа и само 300 m од центарот на Ларнака. Во непосредна близина има барови и ресторани, а познатите атракции St. Lazarus Church, Castle of Larnaca и Europe Square се на кратко пешачење. Аеродромот е оддалечен околу 7 km.
Соби и сместување:
Мал хотел со 26 реновирани соби со клима, ТВ, бесплатен интернет (во одредени типови), балкон, индивидуално греење и можност за бебешко креветче (депозит). Сеф – достапен во некои типови со доплата.
Хотелски содржини:
24h рецепција, лоби бар, лифт и бесплатен паркинг. Перење и пеглање – со доплата. Хотелот не располага со базен, ориентиран е како градско сместување на одлична локација. Појадокот се служи на принцип шведска маса.
Напомени:
Мал, урбан хотел погоден за гости што сакаат централна локација, брз пристап до плажа, шопинг и атракции.