Локација: Хотелот е еден од најлуксузните хотели во Шарм ел Шеик. Се наоѓа на 10км од аеродромот, и на 1км од центарот Naama Bay, до кој хотелот има шеталиште со директен пристап.
Сoби: Хотелот има 302 соби, сите се климатизирани и опремени со сателитска телевизија, минибар, купатило, фен, Wi Fi конекција, прибор за кафе/чај. Собите имаат страничен или директен поглед кон морето или базенот.
Хотелски содржини: Хотелот има неколку барови на плажа, лоби бар, бар покрај базенот. Покрај главниот ресторан има 2 a la carte ресторани кои служат локална и индиска храна.
Спорт и забава: Гостите можат да ги користат услугите на СПА и фитнес центарот, часови за јавање на коњи, 4 тениски терени и бесплатна Wi Fi конекција. За најмладите има детски базен и мини клуб.
Плажа: Хотелот има 4 приватни песочни плажи кои се опремени со лежалки, чадори и пешкири.