Локација:
Napa Jay Hotel е модерен хотел (реновиран 2020год.) сместен во центарот на Аја Напа, на околу 800 m од песочната плажа. Во непосредна близина има супермаркет (10 m), продавници, барови и ресторани (100 m), а ноќните клубови се на околу 200 m. Познатите атракции како Sculpture Park, Ayia Napa Monastery, Thalassa Museum и Ayia Napa Marina се лесно достапни. Автобуска станица има на 100 m, а аеродромот во Ларнака е на 58 km.
Соби и сместување:
Хотелот располага со 42 комфорни, модерно уредени соби, сите со балкон, клима уред, бесплатен Wi-Fi, сеф, електричен бокал и capsule coffee машина. Достапни се соби со поглед кон внатрешност или кон базен. Бебешко креветче е бесплатно. Пешкирите се менуваат трипати неделно. Површината на стандардните соби е околу 24 m².
Хотелски содржини:
Гостите имаат на располагање рецепција 24/7, лоби бар, два барови, лифт, климатизација, менувачница и бесплатен паркинг. Интернет пристап е бесплатен во целиот хотел. Чистењето на собите е секојдневно и бесплатно, а на располагање се и рум-сервис и перална (со доплата).
Спорт и забава:
Хотелот нуди билијард (со доплата), пинг-понг и тенис бесплатно. Во близина на плажата се достапни водени спортови како jet ski, water ski и speedboat rides преку локални провајдери. Постојат и услуги за изнајмување велосипеди. За деца е достапна услуга babysitting (со доплата) и детска анимација.
Исхрана:
Се нуди појадок на шведска маса.
Напомени:
Некои услуги и активности се сезонски и со доплата. Хотелот е мал, модерен и популарен кај двојки и гости кои сакаат сместување во близина на центарот на Аја Напа.