Локација:
Napa Plaza е модерен adults-only хотел сместен во центарот на Аја Напа, веднаш до познатиот манастир и на околу 750 m од песочната плажа. Во непосредна близина има бројни барови, ресторани и клубови (ноќен клуб на 100 m). Супермаркет има на 100 m, а поголеми трговски содржини на околу 1 km. Од атракциите, во близина се Thalassa Museum, Sculpture Park (2 km), WaterWorld (5 km) и Cape Greco (7 km). Автобуска станица има на 15 m, а такси станица на 50 m. Аеродромот Ларнака е на 58 km.
Соби и сместување:
Хотелот располага со 224 модерно уредени соби. Сите соби се климатизирани (централна контрола од мај до октомври) и имаат ламиниран под, бесплатен Wi-Fi, сеф (бесплатно), сет за кафе/чај, сателитска ТВ и дневно менување на пешкири.
– Superior Room (21 m²): модерна соба со балкон или без балкон (во промо варијанта), со када или туш.
– Superior Pool View (21 m²): со балкон и поглед кон базен.
– Deluxe Room (25 m²): поголеми, со када, достапни и со поглед кон базен.
– Single Use соби достапни во истите категории.
Хотелски содржини:
Гостите располагаат со рецепција 24/7, лоби, три лифта, неколку барови и четири ресторани. На располагање е бесплатен паркинг и менувачница. Wi-Fi е бесплатен во целиот хотел. Собна услуга (room service) и перална со доплата. Хотелот е целосно прилагоден за возрасни и прима гости 18+.
Спорт и забава:
Во хотелот има фитнес центар, пинг-понг (со депозит) и можност за изнајмување велосипеди. Во близина (800 m) се нудат различни водени спортови преку локални провајдери. Хотелот располага со Spa центар со сауна, третмани и масажи (со доплата).
Исхрана:
Понуда од повеќе ресторани, со разновидна кујна. Се нудат опции за ноќевање со појадок, полу или полн пансион, како и се вклучено (All Inclusive) во кој освен трите оброци вклучени се и дополнителни услуги како избрани увозни пијалоци во одредени барови, национални пијалоци 10:00–23:00, welcome drink и бесплатен интернет.
Напомени:
Хотелот е само за возрасни (18+), особено популарен кај парови и младенци. Некои услуги се сезонски или се наплаќаат дополнително. Лежалки и чадори на плажа се со доплата.