Локација:
Nissiana Hotel & Bungalows се наоѓа на околу 150 m од атрактивна песочна плажа каде лежалки и чадори се достапни со доплата. Хотелот е лоциран во мирен дел на Аја Напа, на околу 3 km од центарот и главниот ноќен живот. Во непосредна близина има барови, ресторани и продавници, со супермаркет на 200 m. Во околината се наоѓаат WaterWorld Waterpark (4 km), Ayia Napa Monastery (4 km), Harbour (4 km), Cape Greco National Forest Park (12 km) и Sculpture Park (7 km). Такси станица е веднаш до хотелот, а автобуска на 20 m. Ларнака Аеродром е оддалечен окулу 60 km.
Соби и сместување:
Хотелот располага со различни категории модерни и комфорни соби распределени во главната зграда и анекс објекти. Сите се опремени со клима, телевизор, балкон или тераса, бесплатен Wi-Fi, електричен кетлер и керамички под. Собите имаат индивидуално контролирана клима (април–октомври), а пешкирите се менуваат секојдневно.
Понудата вклучува:
– Стандардни соби од 21 m² со можност за дополнително легло, достапни со поглед кон внатрешноста, страничен или делумен поглед море и поглед кон базен.
– Superior соби, модерно реновирани, исто така со 21 m² и различни ориентации.
– Family соби од 26 m², стандардни и superior, погодни за сместување на семејства.
– Annex студија (33 m²) и Annex апартмани (48 m²) со кујнски дел, пространи и удобни за подолги престои и поголеми семејства.
Хотелски содржини:
Гостите имаат на располагање рецепција работлива 24 часа, лоби со бар, два лифта, бесплатен паркинг, мењачница, snack бар, ресторан со климатизација и можност за room service. Во целата почитување на пристапноста, хотелот нуди лифт за лица со попречена подвижност како и соодветни санитарии. Wi-Fi е бесплатен во целиот комплекс. Достапни се услуги за перење и пеглање (со доплата).
Спорт и забава:
Во надворешниот дел има голем базен со детски дел, со бесплатни лежалки и чадори. За рекреација се нудат тенис, пинг-понг и фитнес, а билијардот се наплаќа. Во близина на плажата има разни водени спортови управувани од локални провајдери. Хотелот располага и со простор за велосипеди, бесплатен за користење, како и опции за изнајмување велосипеди. На располагање се сауна, парна бања и масажи со доплата. Во текот на неделата се организираат вечери со музика и тематски забави. За најмалите има детско игралиште и game room.
Исхрана:
Појадокот се служи на шведска маса од 07:00 до 10:00. Полу паснион вклучува и вечера. All Inclusive нуди три главни оброци во селектирани ресторани, како и вода, безалкохолни пијалаци, кафе и чај, колачи и закуски, пиво, вино, коктели и локални алкохолни пијалаци во определени термини. Во AI понудата е вклучено и доцно појадување, мени за деца, welcome drink и бесплатен интернет.
Напомени:
Одредени содржини и активности зависат од сезона или се наплаќаат дополнително. Хотелот е добро позициониран во близина на една од најубавите и најпознати плажи во Аја Напа и нуди пријатно сместување, разновидни содржини и одлични услови за семеен и релаксиран одмор.