Локација: Хотелот се наоѓа во централниот дел на заливот Naama Bay. Од аеродромот е оддалечен 12 км.
Сoби: Хотелот има 197 соби. Сите соби се климатизирани и опремени со купатило, фен, сателитска телевизија, сеф, мини бар и балкон.
Хотелски содржини: Покрај главниот ресторан , хотелот има 2 a la carte ресторани, 3 барови, продавница, козметички салон, услуга за перење, менувачница. Wi Fi конекцијата е бесплатна во лобито на хотелот.
Спорт и забава: Во состав на хотелот има голем надворешен базен со издвоен дел за деца. Многубројни спортови на вода како што се : скијање, сурфање, нуркање, педалинки. Во непосредна близина на хотелот има терени за голф и мини голф. За деца хотелот нуди мини клуб, детски базен и игралиште.
Плажа: Хотелот има сопствена песочна плажа со постепен влез во вода.