Локација
Old Palace Resort се наоѓа во престижната зона Sahl Hasheesh, директно на плажа, опкружен со мирна атмосфера и уредени шеталишта. Оддалечен е околу 18 km од аеродромот во Hurghada и приближно 20–25 km од центарот на градот, што го прави идеален за релаксирачки одмор надвор од градската врева. Ова е еден од ретките хотели во кои сместување со милениче (куче до 5кг) е дозволено во одреден тип на соби.
Соби и сместување
Хотелот располага со пространи и комфорно уредени соби (околу 37 m²), како и поголеми Deluxe и семејни Chalet единици. Сите соби имаат балкон или тераса, клима уред, ТВ, сеф, сет за кафе/чај, фен и минибар (со доплата). Стандардните соби се со поглед кон градина или базен, додека повисоките категории нудат делумен или директен поглед кон море.
Содржини
Хотелот нуди главен ресторан и à la carte ресторани (италијански и бразилски), повеќе барови, базени и фитнес центар. На располагање се и анимација, спортски активности (аеробик, пинг-понг) и детски клуб. Гостите можат да уживаат во релакс базен со џакузи, како и во SPA и wellness центар (со доплата). Лежалки, чадори за сонце и пешкири се бесплатни.
Плажа
Хотелот располага со прекрасна сопствена песочна плажа со постепен влез во морето, погоден за капење и релаксација. Дел од плажата има и корален гребен, што ја прави интересна за љубителите на snorkeling. Лежалки и чадори за сонце се бесплатни.
Напомени
Old Palace Resort е одличен избор за парови и гости кои бараат помирен и поквалитетен одмор, со убава плажа и добра услуга. Достапен е all inclusive / ultra all inclusive концепт, со разновидна гастрономска понуда.