Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
One Resort Premium Hammamet
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Модерен и нов хотел поставен на позиција на некогашниот "El Mouradi Beach". Од 2024та година започнува со работе под новиот бренд на "ONE Resort ". Се наоѓа веднаш до атрактивната плажа на северот од популарниот туристички регион на Хамамет, на 6км од центарот на градот. Како и останатите хотели од "ONE Resort" групацијата, хоптелот нуди одличен 24 часовен All Inclusive концепт и високо квалитетни услуги.

 

Симни повеќе информации овде

 

Локација:
One Resort Premium, поранешен El Mouradi Beach, е комплетно реновиран и модерен хотел лоциран на прекрасната средоземна обала во северен Хамамет, особено позната по долгите, златни песочни плажи. Започна со работа во Јули 2024 и го одликува концепт на опуштеност и префинетост. Во близина на хотелот има продавници, ресторани и можност за забава, а туристичкиот центар на Хамамет на неколку минути возење. Стариот центар на хамамет со медината се окулу 7км оддалечени, додека аеродромот во Монастир е на 115км од хотелот.
Хотелски содржини:
Хотелот се состои од две згради со приземје и еден или два спрата. На гостите им нуди уредени градини од 3.000м2, пространо лоби со лифтови, рецепција која е на сервис 24 часа, главен ресторан со богата шведска маса, неколку а ла карт ресторани (италијански, бразилски, ресторан на плажа). Како и останатите ONE Resort хотели, на располагање на гостите на All Inclusive постои експрес снек бар кој служи пијалоци и селектирани закуски во секое време, 24 часа на ден. Хотелот има неколку барови меѓу кои лоби бар, бар на плажа, Tapas Bar; фамилијарен и детски базен, инфинити базен само за возрасни, свим-ап базени за одредени соби, детски клуб, игралиште, Wi-Fi интернет на јавни површиним, менувачница, Спа центар (масажи, маникир, педикир, разни третмани), билијард, пинг понг, пикадо, бадмингтон, одбојка на плажа, анимациски програм...
Плажа:
Плажата во овој дел од Хамамет е прекрасна, со ситен жолт песок и море кое постепено се задлабочува. Лежалките и чадорите за сонце на плаѓа и окулу базените се бесплатни за гости на хотелот, додека крпи за плажа се со депозит (окулу 20тнд од крпа) кој се враќа при раздолжување на картичките за пешкири.
Соби:
Собите во хотелот се двокреветни (два одвоени или еден брачен лежај) или двокреветни со еден или повеќе дополнителен (помошни) лежаи / софа. Има вкупно 226 соби, од кои 212 двокреветни и 14 апартмани. Сите соби  се климатизирани и опремени со телефон, ТВ, мини бар (фрижидер), сеф, купатило со туш кабина, фен, балкон или тераса.
Собите со директен излез на базен (Swim Up) се наменети исклучиво само за возрасни лица. Џуниор свитовите се поголеми соби кои може да примат максимално 4возрасни + 1дете, односно 3возрасни + 2деца.
Исхрана:
All inclusive (се вклучено) според хотелски правила - појадок, ручек, вечера (самопослужување со избор од повеќе јадења), ужина/закуски, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци...

https://onepremium.tn/en/