Локација: Хотелот се наоѓа во Сахл Хашиш, на околу 18 километри од центарот и на околу 12 километри од аеродромот.
Сместување: Хотелот се простира на површина од 210.005м2) - и нуди 357 сместувачки единици, од кои сите имаат балкон/тераса, клима уред, сателитска LCD телевизор, мини бар, фен за коса, чајник, сеф. Претставува комбинација на египетски и модерен стил, а поради својата содржина се препорачува за гости од сите возрасти.
Содржина: Хотелот нуди два отворени базени, еден затворен базен, детски базен, тениско игралиште, фудбалско игралиште, сквош игралиште, игралиште за одбојка, пинг понг, мини фудбал, кошарка. Услуга за перење и пеглање, продавници, паркинг, рент а кар, лекар, менувачница. Услугата во хотелот е All Inclusive - појадок, ручек и вечера (самопослужување - избор од неколку јадења според правилата на хотелот). Концептот вклучува и закуски и локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Хотелот нуди главен ресторан, италијански a la carte и кинески a la carte ресторан. На гостите им се достапни Pool Bar, Lobby Bar и Beach Bar.
Плажа: Хотелот има своја песочна плажа долга 400 метри, еден помал дел е со корален гребен, кој привлекува голем број љубители на подводниот свет, а поголемиот дел е простор за капење со плитка вода. Гостите на хотелот можат бесплатно да користат крпи, лежалки и чадори.