Локација: Хотел Radisson Blu 5* се наоѓа во центарот на Ларнака, блиску до сите атракции кои ѓи нуди градот. Од аеродромот е на само 10 километри.
Сместување: Сите соби имаат клима, сателитска ТВ, мини фрижидер, бесплатен Wi-Fi интернет, сет за чај и кафе, сеф (со доплата), телефон, бања, фен, балкон или тераса. Супериорна соба со поглед на градот, големина приближно 36м2, максимум 2 возрасни + 1 дете, француски или два посебни кревети.
Содржини: Гостите имаат на располагање рецепција, ресторан со панорамски поглед на Ларнака, бар на последниот кат од хотелот, модерен Спа центар со 4 соби за третмани и фитнес центар, отворен базен со сонце, тераса, Wi-Fi интернет.
Плажа: Најблиската плажа Финикудес, означена со сино знаме, е на околу 2,5 километри од хотелот. Лежалките и чадорите се доплаќаат.