Локација: Се наоѓа во Лара, околу 20 километри од стариот дел на Анталија и околу 14 километри од аеродромот во Анталија.
Сместување: Хотелот е отворен во 2013 година. Има вкупно 395 соби (132 стандардни соби, од кои 3 се погодни за лица со посебни потреби, 132 супериор соби и 131 фамилијарен апартман). Сите стандардни соби имаат балкон или тераса, централна клима, сеф, мини бар, сателитска ТВ, директен телефон, бања со туш, фен, огледало за шминка, Wi-Fi интернет.
Стандардна соба е 26м² (1 брачен кревет или 2 посебни кревети). Супериорната соба има 28м² (1 брачен кревет и 1 обичен кревет). Семејниот апартман е 68м² и се состои од две спални соби и една дневна соба. Се доплаќа за користење на сеф, макси бар, услуга во соба.
Содржини: Хотелот располага со главниот ресторан, 6 à la carte ресторани (риби, италијански, турски, азиски, скара и мексикански), à la carte ресторан еднаш неделно со задолжителна резервација, 6 барови, ресторан и бар на плажа. За деца има мини клуб, игралиште, детско бифе во главниот ресторан (на гостите во ресторанот се достапни детски столчиња), детски базен со 4 лизгалки (за деца од 4-12 години) и аква парк со 4 тобогани.
Со доплата може да се користи доктор, фризер, сервис за перење и пеглање, трговски центар, интернет кафе, фотошоп, менувачница, училиште за нуркање, центар за спортови на вода, интернет кафе, соба за игри, Турска бања (хамам), сауна, парна соба, масажа, спа третмани, џакузи.
Плажа: Хотелот има свој дел на песочната плажа Лара. Плажата е оддалечена 330 метри и има сино знаме на ЕУ. Чадори, лежалки и пешкири на плажа се бесплатни. Бесплатен шатл-автобус сообраќа до плажата на секои 15 минути. Распоредот на возење е достапен на рецепција.