Локација: Хотелот се наоѓа во Соргун на 75 km од аеродромот во Анталија и 8 km од античкиот град Сиде.
Сместување: Хотелот располага со вкупно 362 соби во главната зграда.
Стандардни соби (35 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети, една софа или кревет на извлекување, едно купатило, макс 2+2 деца).
Swim up соби (35 m², една спална соба, едно купатило, директен пристап на базен, само за возрасни +16, макс. 3 лица).
Фамилијарни соби (55 m², две посебни спални соби, две купатила, макс. 4 лица).
Пентхаус апартман (115 m², спална соба, дневна соба, џакузи, купатило, макс. 2 лица).
Кралски апартман (140 m², дуплекс, на долниот кат има дневна соба и спална соба со единечни кревети, а на горниот кат има спална со француски кревет, купатило, макс. 4+1 дете).
Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, влечки, централен клима уред, телефон, сеф (со доплата), мини бар (се дополнува секој ден со вода и сокови), електричен бокал, сет за кафе и чај, ламинат на подот, Wi-Fi интернет, сателитска LCD TV и музички канали и балкон.
Содржини: Хотелот располага со главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани со: Gusto kebab house - турска кујна, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, изнајмување кола дополнително се наплатуваат.WI-FI интернет конекција во целиот хотел е бесплатна.Надворешни и внатрешни базени, (затворени во летниот период), релакс базен (+16), тобогани, фитнес центар, пинг понг, одбојка на плажа, сауна, соба со пареа и турска бања се бесплатни. Масажа, Wellness & SPA центар, спортови на вода, билјард, компјутерски игри дополнително се наплаќаат. Забавни програми покрај базенот или на плажа, натпревари за возрасни и деца, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4-12 години со специјални програми.
Плажа: Хотелска приватна песочна плажа на 300 метри од хотелот. Лежалки, чадори и крпи на плажа се бесплатни.
Бесплатен превоз до плажа во текот на целиот ден