Локација: Ресортот Sands се наоѓа на плажата Flic-en-Flac со поглед кон лагуната во заливот Тамарин. Луксузен хотел со 4 ѕвезди, кој се наоѓа во Wolmar, на западниот брег на Маурициус. На оддалеченост од 55 км е од меѓународниот аеродром во Маурициус и на 25 км од главниот град Порт Луис.
Соби: Располага со 92 пространи апартмани, а секој од нив е светол, простран и елегантно уреден. Сите апартмани имаат балкон или тераса, ТВ со рамен екран, телефон, мини бар и клима уред. Бањите вклучуваат посебна када и туш. Гостите можат да уживаат во погледот на океанот и градината.
Хотелски содржини: Гастрономската понуда вклучува 3 ресторани, Tamarind Terrace (интернационални и локални јадења), ресторанот „Spices“ (со мени), ресторан на плажа PinkPepperCorn (специјализиран за романтични вечери). Во одредени денови, во хотелот се организираат вечерни програми. Хотелот има спа, теретана и 2 тениски игралишта.
Гостите можат да ги користат објектите за спортови на вода бесплатно. Бесплатни спортови на вода вклучуваат сурфање на ветер и нуркање.
Патувања со брод и часови за нуркање се достапни но со дополнителни трошоци.
Спа центарот вклучува 4 соби за третмани, сауна, парна бања и салон за коса и убавина.
Плажа: Убава песочна плажа, кристално чиста лагуна и незаменлив поглед низ заливот.