Локација: Хотелот е на 35 км од аеродромот во Анталија, 15 км од Кемер, се наоѓа во Белдиби. Изграден е во 1988 година, реновиран во 2015 година и зафаќа површина од 12.500 м2
Сместување: Хотелот располага со вкупно 220 сместувачки единици поделени на: 204 стандардни соби (макс 3 лица, 24 м2), 8 супериорни соби (макс 3+1 лица, 28 м2) и 8 двособни семејни соби (макс 4+1 лица , 45 м2). Сите соби имаат: индивидуална клима, телефон, Интернет Wi-Fi (бесплатно), сеф (бесплатно), ТВ, фен, мини-бар (празен), балкон.
Содржина: Главен и a'la carte ресторан (бесплатно еднаш за време на престојот), Интернет Wi-Fi (бесплатно), надворешен базен, 2 тобогани, турска бања, сауна, теретана, билијард, пикадо, пинг-понг, фудбал на маса, аеробик, музика во живо забава, анимација, детски базен, детско мени, детски клуб (4-11 години), детско игралиште. Платено: масажи, фризер, услуга за перење, моторни спортови на вода.
Плажа: Плажата е со песок и камчиња е на 100 метри од хотелот. Лежалки, чадори, крпи и бар на плажа се бесплатни за гостите на хотелот.