Локација: Хотелот се наоѓа во регионот Конакли. Од центарот на Аланија е на 8 км и од аеродромот во Анталија на 115 км.
Сместување: Хотелот Senza Garden Holiday Club 5* има вкупно 398 соби.
Стандардни соби (30 м2, спална соба, бања)
Семејни соби (42 м2, две спални соби одделени со врата, бања)
Секоја соба е опремена со: бања со туш кабина, фен, сплит клима, мини бар (вода и сокови при пристигнување, подоцна само вода се полнат дневно), сеф (со доплата), директна телефонска линија, WI-FI интернет (со се доплаќа) , САТ ТВ со музички канали, балкон.
Содржини: Хотелот во својата понуда има главен ресторан со отворено бифе, лоби бар, бар покрај базен, бар на плажа. Дополнително се наплаќаат следните услуги: лекар, перална, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, Wi-Fi интернет.
Спорт и забава: Хотелот има отворен базен за возрасни и деца, лизгалки, турска бања, сауна, гимнастика, одбојка на плажа, пинг-понг, тениски игралишта, забавни програми во текот на денот, шоу програми во вечерните часови, мини клуб (од 4-13 години), мини диско. Дополнително се наплаќаат следните услуги: спортови на вода, масажа, велнес центар, осветлување за тениски терени.
Плажа: Хотелот има приватна песочна плажа со ситни камчиња. Лежалки и чадори за сонце не се наплаќаат за гостите на хотелот.