Локација: Комплексот Sheraton Miramar Resort се наоѓа на околу 2 км од центарот на El Gouna, 1 км од марината и голф терените и на околу 27 км од аеродромот во Хургада. Изграден во живописен арапски, египетски и нубиски стил, сместен на 9 острови со убаво уредени градини претставува уникатна комбинација на природата и модерното. Хотелскиот комплекс е идеално место за одмор, релаксација, забава, меден месец и престој со деца. Ексклузивен, огромен хотелски комплекс во стилот на ориентална населба, дизајниран од светски познатиот архитект Мајкл Гравс. Посебна атракција е лоби бар и рецепцијата, каде што гостите најпрво се сретнуваат со уникатниот, но исто така и модерен стил на Miramar.
Сместување: Комплексот има повеќе од 340 соби кои се пространи, удобни и имаат поглед на море, лагуна или градина. Сите соби имаат туш или када, фен, клима уред, бежичен интернет (со доплата), сателитска ТВ, телефон, дигитален сеф, мини бар (користење со доплата). Семејните соби се поврзани со врата (со доплата). Собите се за непушачи и има неколку соби за луѓе со посебни потреби.
Хотелски содржини: Хотелот има 2 базени за возрасни (1 базен се грее), 3 базени за деца, неколку ресторани и барови, диско, бар на бродот Samir 2 Coconut, Grove бар и клуб за деца. Со доплата: интернет клуб, фризерски салон, спортски терени, казино, голем спа центар, чување на деца на барање, менувачница, rent-a-car, центар за нуркање и аква центар, фитнес сала и теретана, сауна и масажа. Гостите на хотелот можат да ја користат “Dine around” услугата еднаш за време на престој да користат одреден оброк во еден од другите хотели со 5* во Ел Гона, со претходна резервација.
Плажа: Хотелот се наоѓа на сопствена песочна плажа, која се состои од неколку лагуни. Еден помал дел е со корални гребени кои привлекуваат голем број вљубеници во подводниот свет, а поголемиот дел е зона со плитка вода. Гостите на хотелот можат да користат лежалки и чадори без дополнителни долати.