Одлично позициониран хотел со песочна плажа, недалеку од античкиот центар на Сиде, во близина на бројни продавници, кафичи и ресторани. Го препорачуваме за парови и лица кои сакаат подинамичен одмор и градски прошетки.
Локација: Хотелот се наоѓа во туристичкиот град Сиде, на само 1км од центарот на градот. Оддалечен е 65км од аеродромот во Анталија.
Плажа: Хотелот располага со песочна плажа која е 150м оддалечена и истата ја дели со сестринскиот хотел Sun Beach. Лежалките и чадорите на плажа се бесплатни, додека печкирите се со доплата.
Сместување: Хотелот се состои од 2 згради (крила) со 5 спрата, во кои има распределено 121 климатизирани соби, сите со купатило со туш и фен за коса, минибар (се полни само со вода), ТВ, телефон, сеф, балкон и безжичен интернет (со доплата).
Стандардните соби се со површина од окулу 18m² (макс. 2 возрасни + дете + бебе или 3 возрасни), имаат брачен лежај или 2 одвоени кревети, додека трето лице користи софа / фотеља на отварање.
Содржини: Главен ресторан за оброците, барови во склоп на хотелската територија, отворени базени за возрасни и деца, затворен базен, фитнес центар, турска бања, пинг понг, пикадо, игротека за деца, безжичен интернет достапен во хотелското лоби.
Со доплата гостите може да користат: Масажа, сауна, телефон, флаширани пијалоци, турско кафе, увозни пијалоци, енергетски пијалоци, свежи / цедени сокови, коктели, спортови на вода.
Во All Inclusive концептот вклучени се 3 оброци (појадок, ручек и вечера) на база шведска маса, попладневна закуска (кафе и колачи или сл.), домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци.