Локација: Хотелот е на 5 км од центарот на Аланија, 150 км од аеродромот во Анталија, веднаш до морскиот брег. Отворен е во 2015 година и се простира на површина од 5.000 m².
Сместување: Хотелот се состои од главната шесткатна зграда и има вкупно 164 стандардни соби (макс. 3 лица, брачен кревет или два посебни кревети, за дополнително лице/дете дополнителен кревет, 24 m²). Секоја соба има: бања, фен, централна клима, ТВ, телефон, мини-бар (бесплатно), сеф (бесплатно), балкон, Wi-Fi интернет (бесплатно).
Содржини: Главен и a'la carte ресторан (медитерански - бесплатно еднаш за време на престојот со задолжителна резервација), две конференциски сали (75 седишта), бесплатен Wi-Fi, 4 барови, надворешен и внатрешен базен, турска бања, сауна, теретана, пинг-понг, Музика во живо. Се доплаќа: масажа, доктор, фризер, моторизирани спортови на вода, перална.
Плажа: Хотелот има своја песочна и камчеста плажа, каде лежалки, чадори, душеци, крпи и бар на плажа се бесплатни за сите гости.