Sunrise Aqua Joy Resort
Локација
Aqua Joy Resort од SUNRISE групацијата се наоѓа во самиот центар на Хургада, на шеталиштето Мемша. Фантастичниот аква парк е дизајниран за сите возрасти, а пред хотелот се наоѓа најпознатото шеталиште во Хургада. Хотелот е на само 5 километри од аеродромот во Хургада.
Содржини
Хотелот нуди 6 отворени базени и многубројни содржини во кои гостите можат да уживаат. Бесплатна WiFi зона е достапна во областите кои што ги користат гостите. Хотелот Aqua Joy Resort вклучува меѓународни, италијански, азиски, египетски и грчки ресторани кои служат морска храна. Во објектот има 5 барови. Услугите во хотелот вклучуваат аква парк, теретана, спа центар и салон за убавина. Аква паркот ви нуди забава, возбуда и авантура со своите 12 тобогани кои ги има. Од другите забавни активности може да ги користите следниве содржини: Аква аеробик; Натпревари за пливање; Олимписки игри; Ватерполо; Бесплатна воведна проба за нуркање во базен;
Сместување
Собите се климатизирани и едноставно декорирани во топли бои. Собите имааат клима, минибар, балкон, сателитска TV и приватно купатило.
Плажа
Хотелот располага со приватна плажа на одредени места подигната н платформи, бесплатни лежалки и чадори за сонце.