Локација: Хотелот се наоѓа во Махдиа, на 30км од Сус и 20км од Монастир.
Соби: Хотелот располага со стандардни и фамилијарни соби. Сите соби се опремени со клима уред, телефон, мини бар, ТВ со сателитска телевизија, купатило, фен, балкон.
Содржина: Хотелот нуди главен ресторан и снек бар. Во склоп на хотелот е отворен базен кој се наоѓа на хотелска тераса, аква парк, продавница за сувенири, сала за состаноци, спа и велнес центар (со доплата: турска/парна бања, масажи, сауна, третмани за лице и тело фризер). Wi-fi-то е бесплатно на јавните површини на хотелот.
Спорт и забава: Игралиште за деца, дневни и вечери анимации за деца и возрасни, пикадо, караоке, пинг понг. Со доплата: голф терен и билијард.
Плажа: Хотелот има сопствена песочна плажа.