Локација: Хотелот се наоѓа на 130 км од аеродромот во Анталија, 10 км од центарот на Аланија, на самиот брег. Зафаќа површина од 45.416 m².
Сместување: Хотелот располага со вкупно 306 соби распоредени на 7 трикатни згради. Стандардни соби (максимум 3 лица, француски кревет или два посебни кревети, за дополнително лице/дете дополнителен помошен кревет, површина 29 m²), семејни соби (макс 4 лица, една соба со француски кревет или два посебни кревети, втората соба со француски кревет или два посебни кревети/или софа кревет, површина од 40 m²). Секоја соба располага со: бања, фен, клима уред, балкон (или француски балкон), безжичен интернет (бесплатен), услуга во соба (платена), ТВ, телефон, мини бар (без вода), сеф (бесплатно).
Содржини: Хотелот располага со главни и 2 a la carte ресторани (со доплата), 3 барови, конференциска сала, внатрешен базен, надворешен, внатрешен и детски базен, аква парк, бесплатен интернет, сауна, турска бања, парна соба, теретана, диско, забава, детски клубови ( 3-6 години/6-11 години). Со доплата: фризер, перална, спа центар, лекар, масажа, изнајмување на автомобили, продавници во хотел, дел од активностите во детскиот клуб, кабани на плажа.
Плажа: Има сопствена песочно-камчеста плажа со должина од 100м. Лежалки, чадори и пешкири за плажа се бесплатни.