Локација:
Хотелот Vassos Nissi Plage се наоѓа на околу 30 метри од песочната плажа Nissi, една од најубавите и најпознатите на Кипар. Лежалки и чадори на плажа се достапни со доплата. Туристичкиот центар на Аја Напа е оддалечен околу 3км, а во непосредна близина се наоѓаат барови, ресторани и продавници. Ноќни клубови има на околу 2 км. Во близина се и повеќе атракции: Ayia Napa Monastery, Thalassa Museum, Sculpture Park, Cape Greco National Park и WaterWorld Waterpark. Такси и автобуска станица има на 30 метри, а во околината има компании за изнајмување автомобили и мотори. Болница има на 2 км. До аеродромот во Ларнака има околу 58 км.
Соби и сместување:
Хотелот располага со 171 модерна соба, сите климатизирани и опремени со приватен балкон, бања со туш, бесплатна бебешка количка, минибар (со доплата), електрично ѓезве, телевизор и сеф со доплата. Постојат двокреветни соби со страничен или директен поглед кон море, единични соби, како и поголеми суити со џакузи за оние што бараат повисок комфор. Чистењето на собите се врши секојдневно.
Хотелски содржини:
На располагање се 24-часовна рецепција, пространо лоби со бар, три лифта, продавница, менувачница и бесплатен паркинг. WiFi е достапен бесплатно во целиот хотел. Достапни се рум-сервис, услуги за перење и лекарски услуги со доплата. Хотелот е прилагоден за лица со попреченост и има пристапни бањи и лифт за инвалидска количка. Во надворешниот дел има голем базен со дел за деца, со бесплатни лежалки околу него. Барот покрај базенот служи разладителни пијалаци во текот на денот. Плажата е веднаш спроти хотелот и лесно достапна.
Исхрана:
Појадокот се служи на шведска маса. Хотелот нуди Half Board и Full Board опции, со појадок, ручек и вечера во селектирани ресторани. Постојат два ресторани со климатизација и барови за дневни пијалаци.
Спорт и забава:
Гостите можат да користат тениски терен, пинг-понг, фитнес и да учествуваат во активности организирани од хотелската анимација. На околу 50 метри од хотелот се нудат водени спортови преку локални провајдери. На располагање е и велоизнајмување. За релаксација хотелот нуди спа центар, сауна, солариум и масажи (со доплата), а навечер има забавна програма со музика во живо.
Напомени:
Одредени услуги или содржини може да зависат од сезоната. Лежалки и чадори на плажа се со доплата.