Локација: Хотелот е на 110 км од аеродромот во Анталија, 12 км од центарот на Аланија, 800 м од центарот на Конакли.
Сместување: Хотелот располага со 327 соби за сместување. Стандардните соби можат да бидат со поглед на базен, море или копно, површината е 18-24 m². Погоден е за сместување до максимум 3 лица.
Супериор собите можат да бидат со поглед на базен, море или копно, површината е 28-48 m². Погоден е за сместување до максимум 4 лица.
Сите соби имаат: Бања со када или туш, фен, клима уред, ТВ, телефон, мини бар (се доплаќа), сеф (се доплаќа), балкон.
Услуга: Ultra All Inclusive (појадок, ручек и вечера е „шведска маса“ - самопослужување, избор на оброци).
Поради помалиот број на гости, хотелот го задржува правото да го промени начинот на послужување на храната. Наместо бифе маса, се служи мени или избор од неколку јадења, што секако нема да влијае на квалитетот на дадените услуги.
Плажа: Хотелот има сопствена песочна и камчеста плажа која е оддалечена 250 метри. Лежалките и чадорите се бесплатни за гостите на хотелот, додека душеците и крпите може да се добијат со доплата.
Содржини: Хотелот располага со ресторан, 2 барови, интернет кафе (се доплаќа), 3 надворешни базени, лежалки и чадори покрај базен (душеци и крпи се плаќаат), ТВ соба, Wi-Fi во лоби (бесплатно), 1 тобоган, аеробик, аквабајк, турска бања, боче, програми за анимација, пинг-понг, одбојка на плажа, мини диско, пикадо, детско игралиште, детски базен, мини диско, мини клуб за деца (4-12 години), столчиња за деца во ресторанот . Платено: лекар, сауна, фризер, бебиситерка, масажа, перална.