Saphir Palace
Локација: Saphir Palace & Spa е изграден во 2005 година и реновиран во 2014 година, лоциран во Јасмин Хамамет. Оддалечен е 1,5 км од пристаништето Јасмин Хамамет, 10 км од центарот на Хамамет, 75 км од аеродромот во Тунис, 95 км од аеродромот во Монастир.
Соби: Хотелот е составен од една четирикатница во која се сместени сите соби. Располага со 240 соби. Сите се климатизирани, имаат балкон, бања, фен, телефон, ТВ со сателитски канали, безжичен интернет (бесплатен), мини фрижидер, сеф (бесплатно).
Содржини: Надворешен базен со детски дел, внатрешен базен, главен ресторан, a la carte ресторан, пет барови, лифт, продавница за сувенири, Wi-Fi интернет низ целиот хотел. Хотелот располага и со спа центар кој е со доплата (сауна, масажа, џакузи, амам, арома терапија, маникир, педикир).
Спорт и забава: На располагање на гостите се тениско игралиште, рекети и топки, одбојка на плажа и фудбал, аеробик, аква теретана, ватерполо, пинг-понг, пикадо, боче топка.
Плажа: Хотелот има сопствена песочна плажа која е преку улица. Чадори за сонце, лежалки и душеци за вода се бесплатни за гостите на хотелот, пешкирите се со депозит.