Локација: Хотелот се наоѓа на околу 18 километри од Сиде, во регионот Kizilagac. Оддалечен е 10 км од Манавгат и 70 км од аеродромот во Анталија.
Сместување: Хотел Вашингтон Ресорт 5* има вкупно 305 соби. Секоја соба располага со: бања со туш кабина, фен, клима, директна телефонска линија, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци по пристигнување, вода надополнета подоцна), котел, сет за чај и кафе, ламинат, сеф, сателитски ТВ програми, балкон . Некои соби имаат француски балкон.
Хотелски содржини: Ultra All inclusive на база на отворено шведска маса - самопослужување, избор од повеќе јадења (шведска маса) за појадок, доцна појадок, ручек и вечера, попладневен чај и кафе со колачи, полноќна ужина, домашна и некои увезени алкохолни и не- алкохолни пијалоци до полноќ, снек бар на плажа, сладолед во одредено време, свежо цеден сок од портокал за појадок, A'la Carte ресторани (турски и италијаснки) со резервација однапред и еднаш за време на престојот.
Надворешни и внатрешни базени за деца и возрасни, лизгалки, турска бања, сауна, џакузи, тениско игралиште (тврда површина), пинг понг, одбојка на плажа, забавна програма во текот на денот, вечерна шоу програма, мини клуб за деца од 4 до 12 години старо, детско игралиште, дневна анимација за деца и мини диско навечер.
Плажа: Приватната плажа на хотелот е со камчиња. Лежалки, чадори и крпи не се наплаќаат.