Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Coral Beach Hotel
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:
Coral Beach Resort е популарен хотел, погоден за мирен и семеен одмор, сместен директно на брегот на Црвеното Море. Располага со две плажи со вкупна должина од околу 1.200 метри – песочна и корална, кои се поврзани со понтон за полесен пристап до морето. Хотелот е оддалечен 16 км од центарот на градот и 13 км од аеродромот.

Соби:
Coral Beach Resort располага со 369 соби од типот classic, standard sea view и beach front. Секоја соба има купатило, фен, ТВ, телефон, клима уред, сеф, мини-бар, балкон или тераса. Стандардните и beach front собите се со површина од околу 33 м².

Хотелски содржини:
Покрај главниот ресторан, во рамките на хотелот се наоѓа и италијанскиот à la carte ресторан Andiamo, барот Blue Moon со поглед кон Црвеното Море каде се служат коктели и лесни оброци, барот Aquarius покрај базенот и плажниот бар Infinity. Дополнително, на располагање се и дискотека, летна сцена, играоница, фризерски салон, продавници, менувачница, интернет центар во лобито и салон за убавина.

Спорт и забава:
Гостите можат да уживаат во два надворешни базени, тениски терени, билијард, одбојка на плажа, спортови на вода, како и во нуркачки центар и помал spa-центар. За најмладите гости обезбедени се детско игралиште, детски дел од базенот и анимација. Лежалките, чадорите за сонце и душеците покрај базенот и на плажата се користат бесплатно.