Програма на патување:
1 ден (15.04): СКОПЈЕ - ДОХА
Полетување од Скопскиот Интернационален Аеродром кон за Доха во 12:25 часот со Qatar Airways. Пристигнување во Доха во 18:20 часот локално време.
2 ден (16.04): ДОХА - ДЕНПАСАР
Полетување од Доха кон Бали во 02:50. Пристигнување во Денпасар (Бали) во 17:30 часот. По завршување на пасошка и царнска контрола пречек од страна на партнерот и организиран трансфер до избраниот сместувачки капацитет. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 -10 ден (17 - 24.04): УЖИВАЊЕ НА БАЛИ
Појадок во хотел. Слободни денови за индивидуални прошетки, шопинг, капење, сончање или одмор. Вклучени 3 придружни екскурзии на Бали со превоз и водич на англиски јазик - 2 целодневни екскурзии и 1 полудневна екскурзија. Екскурзиите ќе опфатат повеќе од главните знаменитости на Бали, меѓу кои посета на повеќе важни храмови, локален традиционален танц, природни убавини итн итн. 8 Ноќевањa во хотел.
11 ден (25.04): ДЕНПАСАР – ДОХА
Појадок. Одјавување од хотел согласно времињата определени со хотелските правила. Слободно време до времето предвидено за трансфер кон аеродромот. Трансфер до аеродром за Лет кон Скопје, преку Доха, во 18:45 часот. Пристигнување во Доха во 23:45 часот.
12 ден (26.04): ДОХА - СКОПЈЕ
Лет од Доха кон Скопје во 07:00, пристигнување во Скопје во 11:15 часот.
БАЛИ ЗА ВЕЛИГДЕН 2020
Авион - А.Такси - 9BB - Трансфери - Екскурзии
Авионски пакет аранжман од Скопје
|
ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ
|
15.04.2020 – 26.04.2020
|
ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ
|
16.04.2020 – 25.04.2020
|
УСЛУГИ
|
9 BB + трансфери + екскурзии
|
НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ
|
9Н / 12Д
|
ИМЕ НА ХОТЕЛ НА БАЛИ
|
ЛОКАЦИЈА НА ХОТЕЛОТ |
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО 1/2 соба
|
FONTANA HOTEL 3* |
KUTA |
959 € / 59.458 мкд
|
WINA HOLIDAY 3*
|
KUTA |
989 € / 61.318 мкд
|
IBIS STYLE BENOA 3* |
KUTA |
989 € / 61.318 мкд |
GRAND WHIZ NUSA DUA 3* |
NUSA DUA - BENOA |
1.039 € / 64.418 мкд |
JAYAKARTA 4* |
SEMINYAK |
1.099 € / 68.138 мкд |
PARIGATA RESORT SPA & VILLAS 4* |
SANUR |
1.099 € / 68.138 мкд |
HOLIDAY INN RESORT BENOA 4* |
BENOA |
1.179 € / 73.098 мкд |
PATRA BALI RESORT & VILLAS 5* |
KUTA |
1.209 € / 74.958 мкд |
GRAND INNA KUTA 4* |
KUTA |
1.229 € / 76.198 мкд |
SADARA BOUTIQUE BEACH RESORT 4* |
BENOA |
1.229 € / 76.198 мкд |
THE TANJUNG BENOA CAMAKILA 4* |
BENOA |
1.239 € / 76.818 мкд |
RAMADA BINTANG BALI RESORT 5* |
KUTA |
1.309 € / 81.158 мкд |
GRAND MIRAGE RESORT 5* |
NUSA DUA - BENOA |
1.319 € / 81.778 мкд |
MELIA BALI VILLAS & SPA 5* DLX |
NUSA DUA |
1.529 € / 94.798 мкд |
*** МЕСТАТА СЕ ЛИМИТИРАНИ А ЦЕНИТЕ ВАЖАТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 15.03!
На барање може да бидат понудени и многу други хотелски опции.
За резлизација на аранжманот потребен е минимум од 10 патници.
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€.
Општите услови за патување на АУРОРА ТУРС и СКТМ се составен дел од овој аранжман.
Цената влучува:
• Авионски превоз Скопје – Денпасар – Скопје со Qatar Airways
• 9 ноќевања во избрнаниот хотел на база на ноќевање со појадок
• Вклуечени придружни екскурзии: 2 целодневни + 1 полудневна
• Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
• Асистенција од претставник на локален партнер
• Организација на аранжманот.
Цената не влучува:
• Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
• Задолжително патничко осигурување
• Дополнителни факултативни посети и екскурзии
Виза за Индонзеија за лица со македонски пасоши не е потребна, но за патувањето потребно е пасошот да биде со важност од минимум 6 месеци по датумот на враќањето.
• Организатор на ова патување е AУРОРА Турс.
• Патниците со пасоши кои не се Македонски потребно е да се информираат окулу визниот режим во соодветна институција. Агенцијата не сноси одговорност за пасошко - царински процедури.
• За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманот.
• Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот и факултативните излети.
• Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.