↑ Внеси параметри за пребарување 


 

БОДРУМ - ТУРЦИЈА

Најпрестижната, монденска, туристичка дестинација во Турција 

Елегантен, луксузен и модерен приморски туристички центар, а истовремено град со долга историја и традиција. Лоциран на истоимениот полуостров, наспроти грчкиот остров Кос, Бодрум е вистински бисер на турската егејска обала која се карактеризира со пријатна мека клима, кристално море, многубројни лагуни и плажи во заливи, брдовит зелен брег... Познатото летувалиште Кушадаси е на окулу 180км северно од градот, а додека сте на одмор во Бодрум, меѓу другото вреди да се посети Ефес - вториот најголем град во Римското Царство, како и Памуккале.

 

ЛЕТО 2024 - Наскоро!

ДИРЕКТНИ ЛЕТОВИ ОД СКОПЈЕ 

Авионска чартер програма со Turkish Airlines и можност за пакет аранжмани со 7, 10, 11, 14 дена, голем избор на хотели од сите категории, All Inclusive, трансфери, организација...

» Кон понуда или контактирајте нѐ за да подготвиме оптимална понуда за Вас! 

 

ИНДИВИДУАЛНА ПОНУДА

ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ

Можност за индивидуална понуда на хотелско сместување без вклучен превоз низ цела Егејска Регија (Бодрум, Мармарис, Кушадаси, Фетие...). Контактирајте со наш агент за да го пронајдеме Вашиот хотел и идеален аранжман.


 

Локација

Бодрум - елегантен, луксузен и модерен приморски туристички центар, а истовремено град со долга историја и традиција. Лоциран на истоимениот полуостров, наспроти грчкиот остров Кос до кој може да се стигне за само 20тина минути, Бодрум е вистински бисер на турската егејска обала која се карактеризира со пријатна мека клима, кристално море, многубројни добри плажи во заливи, брдовит зелен брег... Познатото летувалиште Кушадаси е на окулу 180км северно од градот, а додека сте на одмор во Бодрум, меѓу другото вреди да се посети Ефес - вториот најголем град во Римското Царство, како и Памуккале.

Низ историјата...

Старото, древно име на градот е Халикарнас, родно место на Херодот, а многубројните археолошки остатоци во и окулу градот зборуваат за долгата и бурна историја која го пратела регионот. Со својата средновековна архитектура, во градот доминира тврдината Халикарнас која била изградена од витезите од Родос. Тврдината своевремено била изградена и наменета како затвор, но денес претставува подводен археолошки музеј со голем број на експонати кои датираат дури од Бронзената Ера. Во Бодрум се наоѓа и едно од седумте светски чуда од антиката, гробницата на античкиот владетел и крал Мавсол, чија убавина ги фасцинира луѓето од изградба па се до денес. Токму од овој монументален надгробен споменик потекнува зборот Мавзолеј.

Денес...

Денес Бодрум претставува едно од најпосетените туристички места во Турција. Има богата уметничка култура па често ќе наидете на уметнички колонии, галерии, а сигурно ќе ја почувтсвутате боемската атмосфера која е присутна наокулу. Градот е особено познат по богатиот ноќен живот кој трае до раните утрински часови, со бројни ресторани, барови, продавници, дискотеки и ноќни клубови кои работат по цела ноќ.
Бодрумскиот регион е поделен на повеќе туристички места и заливи каде се наоѓаат повеќето плажи и туристички содржини. Истите се поврзани со локален линиски превоз со долмуши кои циркулираат во текот на целиот ден. Еден од најпознатите туристички летувалишта е Ѓумбет - на само 2.5км западно од Бодрум, познат по убавата плажа и големиот број на хотели. Потоа следува Битез каде исто така има голем број на хотели покрај обалата која се карактеризира со тиркизна боја, убаво шеталиште, итн. 


НЕ ПРОПУШТАЈТЕ - БОДРУМ

Одморот во Бодрум не може никогаш да е досаден, овој регион има толку многу да понуди.