ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме пратете ни го Вашето мотивационо писмо и CV на:

rabota@aurora.com.mk 

*** Ве замолуваме во насловот на мејлот да пишете "CV - Име Презиме"  


1. Референти за презентација, продажба и реализација на туристички аранжмани

Пожелни Квалификации: Претходно искуство од областа на туристичкото / агенциското работење; Високо образование; Познавање на англиски јазик; Основни компјутерски познавања (Word, Excel, Outlook,); Одлични комуникациски способности; Возачка дозвола; 

Работен ангажман: Полно работно време
Примања: Минимум 20.000 ден.

2. Референти за туристичка комерција – креација, букинг и реализација на туристички аранжмани
Потребни Квалификации: Претходно повеќегодишно работно искуство во областа на туризмот;  Високо образование; Одлично познавање на англиски јазик (пожелно и други странски јазици); Одлично познавање на MS Office; Лиценца за Tуристички пратител; Предност за познавачи на глобални резервациски системи (GDS) во авио-превозот како Амадеус; Возачка довола;  Одлични комуникациски и организациони вештини;
Работен ангажман: полно работно време
Примања: По договор

3. Визуелен Social Media IT & маркетинг 
Работни обврски: Едитирање, дизајнирање и креирање на веб банери, постери, флаери, видео реклами и сл. ; Самостојно креирање и објавување “content” за социјални медиуми (информации, понуди, банери, слики, видеа); Планирање и водење на платени кампањи на социјални мрежи; Едитирање и пополнување содржина на веб страна; E-Mai маркетинг (newsletters итн...).
Пожелни квалификации: Познавање на софтвер и алатки за обработка на фотографии и видео; познавање на MS Office; искуство со маркетинг на социјални медиуми; познавање на англиски јазик; Комуникативност 
Работен ангажман и примања: По договор