Одберете дестинација, внсете параметри во филтерот, пребарајте

   

БУГАРИЈА

ЗИМА 2024 / 2025 

Не пропуштајте ги FIRST MINUTE понудите со големи попусти и поволности!

БАНСКО  БОРОВЕЦ  ПАМПОРОВО 

 

БАНСКО

Градот Банско се наоѓа во подножјето на планината Пирин, на надморска височина од 925 м. Некогаш мал град со историски центар заштитен од УНЕСКО, Банско се претвори во еден главните зимски туристички центри во регионот и убедливо најпознатото бугарско ски-одморалиште. Се наоѓа на 160 км јужно од Софија и 150 км од Пловдив (втор по големина град во Бугарија) и има околу 10.000 постојани жители. Локацијата на скијачките патеки овозможува снежна покривка од декември до април, а алпската природа на планината Пирин обезбедува одлични услови за скијање. Квалитетното скијање дополнително го гарантираат софистицираните системи за вештачко оснежување.

 

БОРОВЕЦ

Боровец е најстариот и најпопуларен ски центар во Бугарија, сместен на падините на планината Рила на која се наоѓа и највисокиот врв на Балканот (Мусала - 2.925м). Од Софија е оддалечен 80км, од Скопје околу 220км. а најблизок град е Самоков (на околу 10км). Основан кон крајот на 19 век, Боровец подоцна се развива во модерен ски-центар со современи и луксузни хотели, спа центри, ресторани, меани, дискотеки, продавници... Секако најпознат е по развиен систем на ски терени  позиционирани на надморска висина од 1.300м до 2.750м, кои нудат можности за целодневно уживање во зимските спортови. Освен дневно, Боровец нуди одлични услови и за ноќно скијање.

 

ПАМПОРОВО

Се наоѓа во провинцијата Смолјан  на падините на јужните Родопи, 260 км од Софија и 375 км од Скопје, на надморска височина од 1.620м, непосредно под највисокиот врв Снежанка (1.928м). Благите зими со силно медитеранско влијание и просечната јануарска температура од 3 °C го прават Пампорово еден од најсончевите ски-центри во Европа, но истовремено големата надморска височина обезбедува дебела снежна покривка во текот на зимските месеци. Ски-зоната во Пампорово нуди скијачки падини погодни за сите возрасти и способности, но е претежно позната како одличен избор за почетници и средно ниво на скијачи. Зимскиот центар може да се пофали со нов систем за правење снег, составен од 80 снежни топови кои покриваат 90% од скијачките терени. Од 2016та година Пмпорово се поврзува со соседен ски центар со што се отвораат услови да се развие во еден огромен, сериозен и модерен ски ресорт.


 

Бугарија е држава во југоисточна Европа која граничи со Грција и Турција на југ, Србија и Македонија на запад и Романија на север. Главен град е Софија. Таа е една од најстарите европски земји, основана уште во 681 година. Бугарија ја красат прекрасни планини, убави песочни плажи покрај Црното Море, историски познати стари градови, антички културни и религиозни споменици, лозја и винарии, одлична традиционална храна и, пред сè, гостопримливи и добри луѓе. Во последниве години, Бугарија стана многу позната по брзиот развој на туризмот како долж брегот на Црното Море, така и во веќе добро познатите ширум Европа ски-центри Банско, Боровец и Пампорово.
Во Бугарија се изградени 12 скијачки центри, а секако најпознатите модерни скијачки центри се: Боровец, Банско и Пампорово, кои не се далеку зад европските скијачки центри во однос на квалитетот на хотелите, услугите и скијањето, и секако се значително поевтини. Модерните  системи на патеки и ски-лифтови, широката понуда на нови и луксузни хотели со спа-центри, поволното и квалитетно апартманско сместување, природната убавина, боровите шуми, исклучителната планинска клима со многу снег и сончеви денови, ја рангира Бугарија како дестинација со најпопуларните ски-центри во Источна Европа.