↑ Внеси параметри за пребарување 


 

АНТАЛИЈА - ТУРЦИЈА

Магична, Топла, Мека, Мераклиска земја 

Aвионски пакет аранжмани до Анталискиот - Медитерански брег со директни летови од Скопје. Луксуз, раскош, беспрекорно испланирани „All Inclusive“ концепти во одлични хотелски комплекси со разновидни содржини, изразени природни контрасти, мистиката на Ориентот...Ова е дел од адутите на Турската Ривиера.

 

АНТАЛИЈА ЛЕТО 2024
-  ВО ПРОДАЖБА - 

Резервирај на време и користи големи Early Booking попусти и поволности! Следи ја понудата редовно за најактуелните цени, понуди, промоции, "First Minute" или "Last Minute" акции! 
 
Зошто со АУРОРА ?
✅ Огромен избор на хотели!
✅ Директни чартери, цело лето!
✅ Најдобри цени и услови за плаќање!
✅ 30+ години традиционално квалитетна, сигурна и професионална услуга.
 
 
ANTALYA

 

АНТАЛИЈА 

Град кој ја нуди мистиката на минатото во современ анбиент. Оваа Турска Ривиерa ја красат природни убавини и богато историско наследство. Се наоѓа во западниот дел на Медитеранскиот брег на Турција и е вистинско рајско место во кое сезоната трае  8 – 9 месеци.
Кога ќе дојдете Анталија - бисерот на таканаречената Турска Ривиера, ќе забележите дека е поделен на два дела: еден современ, со широки улици и булевари, модерни станбени згради, богат со најразлични содржини за ноќен живот..; додека другиот дел е стар град, Калеиџи, изгграден окулу старото пристаниште и денеска претворен во туристичко срце на градот. Во Римско време бил опкружен со ѕидини а денеска таму ќе најдете тесни, поплочени улички, стари турски куќи, џамии, анови, амами..повеќето со сочуванавтентичен изглед каков штоимале во времето на изградба. Голем број на ресторани, кафулиња, слаткарници и клубови се наоѓаат во стариот дел Калеиџи кој е и културен центар на градот и во кој се одржуваат најразлични уметнички манифестации. Во Анталија е се наоѓа главниот аеродром кој го опслужува туризмот во овој дел на Турција.


ТУРЦИЈА • АНТАЛИЈА АВИОН

Луксуз, раскош, беспрекорно испланирани „All Inclusive“ концепти во одлични хотелски комплекси со разновидни содржини, изразени природни контрасти, мистиката на Ориентот...Ова е дел од адутите на Турската Ривиера.
Со години наназад Турција важи за една дестинација со можеби најобемен избор на квалитетни хотели и традиционална одлична услуга, поради што со право е меѓу најбараните и најатрактивните дестинации во регионот.  Доколку сте во онаа категорија на туристи кои преферираат хотели со разновидни и богати содржини, сместени на долги, песочни плажи – Ви препорачуваме летување во Аланија, Лара, Сиде, Белек или Кемер - Изборот на хотели е огромен а цените и условите за резервација најдобри.

 
АВИОН • ПОПУСТИ & ПРОМОЦИИ • FIRST MINUTE • LAST MINUTE

Со Чартер летови или редовни авионски конекции Ве носиме дирекно до Медитеранскиот брег на Турција. Резервирајте на време и искористете ги големите Early Booking попусти за рани резервации. Следете ја нашата понуда редовно за најактуелните цени, понуди, промоции, "First Minute" или "Last Minute" акции!